СТАНДАРД life
Хороскоп

Со кои знаци Девиците ќе бидат среќни и добро ќе се надополнуваат, а кој ќе ги полудува?

Девиците се интровертни и чувствителни, а емоциите ги кријат зад ладна и логична маска. Тие се држат до рутината и организираниот живот, па им треба стабилен и доверлив партнер на кој безусловно ќе му веруваат

Нив ги привлекуваат луѓе кои го делат нивното чувство за практичност, но тоа не значи дека не сакаат малку романса одвреме-навреме.

Откријте со кои знаци Девиците ќе бидат среќни и добро ќе се надополнуваат, а кој ќе ги полудува:

Девица и Бик

Бикот е еден од најдобрите партнери за Девицата. Овие луѓе се доволно стабилни за да ја смират нејзината нервоза и склоноста кон грижа. Девиците сакаат рутина, организирани се и ги почитуваат правилата, а Бикот тоа го цени бидејќи ни тој не сака изненадувања. Имаат сличен пристап кон сексот и романтиката и спремни се да чекаат додека не најдат соодветен партнер. И двата знака тешко се отвораат, но кога подобро ќе се запознаат, брзо сфаќаат дека нашле сродна душа.

Девица и Јарец

Земјените знаци се познати по нивната практичност. Девиците ценат дека Јарецот е сериозен, вреден и фокусиран на иднината. Со него се чувствуваат заштитени, а ги врзува и взаемна потреба за емоционална и материјална сигурност. Тие често имаат толку многу заедничко што нивната љубовна приказна води до брак и семејство. Добро ќе се сложуваат и во кревет, а единственото нешто на што треба да внимаваат е да не ја запостават романтиката.

Девица и Рак

Овие два знака можат да направат прекрасна врска. Девиците во оваа врска ќе се чувствуваат сакано, разгалено и згрижено, додека Ракот ќе ја цени нивната практичност и лојалност. Сексот можеби не е див, но ќе биде нежен и ќе се подобри со текот на времето. И двајцата имаат потреба од сигурност и сакаат да основаат семејство, па брзо ќе почнат да градат заедничка иднина.

Девица и Водолија

И Девицата и Водолијата се интелектуални знаци, па може да се развие пријателство меѓу нив, но љубовната врска ќе биде континуиран предизвик. Имаат различни пристапи кон животот и обично меѓу нив нема искра. Овие знаци можат дури и да поттикнат лоши особини еден кај друг, а за нивната врска воопшто да трае, и двајцата ќе мора да направат многу отстапки.

Девица и Стрелец

Овие два знака се сосема различни. Девицата е сериозна, претпазлива и воздржана, додека Стрелецот е безгрижен, спонтан и непромислен. Девицата ќе мисли дека Стрелецот е несигурен и дека не може да се потпре на него, додека тој ќе ѝ замери на нејзината вкочанетост, ригидност и намуртено лице. Иако и двајцата се прилагодливи, нивните различни личности и ставови кон животот не се рецепт за трајна врска.

Поврзани вести

Кога ќе почувствува предавство, припадникот на овој знак ќе ви го направи животот пекол!

Urednik

Најдобрите сестри се раѓаат во овие хороскопски знаци

Radmila Tasevska

Себични и егоисти: Хороскопски знаци кои не сакаат да им помагаат на другите

Urednik