СТАНДАРД life
Балкан микс

Карлеуша закажа датум и рече: „Сите сте поканети, јас честам“!

Српската пејачка Јелена Карлеуша на својот Инстаграм профил ги покани фановите на бесплатен концерт наречен „Алфа и омега“.

На 13 август, по 11 години пауза, Карлеуша го издаде албумот „Алфа“ кој привлече големо внимание во јавноста, а само неколку дена подоцна го издаде и албумот „Омега“.

Обожавателите кои со нетрпение ги чекаа новите песни на Јелена беа воодушевени што пејачката уште еднаш ги помести границите и го донесе светот на српската естрада, но за нивна среќа на убавите вести им нема крај.

Имено, Карлеуша се огласи на својот Инстаграм профил и ги покани сите заинтересирани на нејзиниот концерт кој ќе биде потполно бесплатен.

– Промо концерт „Алфа и Омега“, 18 септември 2023 година, Белград на вода! Сите сте поканети, јас честам – напиша таа.

Поврзани вести

„Најглупаво име за дете“: Објавата на Огњен Амиџиќ привлече големо внимание (ФОТО)

Radmila Tasevska

„Моите ќерки криеја кој им е татко“: Жељко Самарџиќ искрено за семејството и популарноста

Urednik

Кеба за поранешната снаа Северина: „Има повеќе убави спомени отколку лоши“

Radmila Tasevska