20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
Стил

Изгледа сензационално: Хали Бери доминираше во фустан со заводливи шлицови

Со модна ревија во Бруклин, Њујорк, дизајнерот Мајкл Корс ја претстави својата колекција за новата сезона пролет/лето, а за неговите новитети од првите редови сведочеше славната Хали Бери.

Познатата оскаровка се појави на ревијата на Корс со својот партнер, музичарот Ван Хант, при што го украде вниманието во заводлива црна облека.

Холивудската ѕвезда ја покажа својата завидна фигура на 57-годишна возраст со тесен модел на фустанот дополнет со деталите на кожениот ремен. Со длабоко V-деколте и шлицови на долниот дел, таа ја спои оваа заводлива креација со потпис на Корс со пар плиширани чизми над колена, а деталите со шлиц исто така се појавуваат на ракавите.

Хали Бери
Хали Бери

Целото издание за уживање во погледот на новитетите на американскиот дизајнер, Бери го заокружи со „стејтмент“ накит со сребрен сјај, кој е познат по тоа што е голем тренд на модната сцена оваа сезона.

Заедно со познатиот оскаровец, на ревијата на Мајкл Корс се појави и Блејк Лајвли. Ѕвездата од „Gossip Girl“ го украде центарот на вниманието во светкав комбинезон инспириран од лудите 70-ти.

Хали Бери за стареењето: „Го оспорувам сето она што мислев дека го знам за менопаузата“

Поврзани вести

Во бело од глава до пети: Поранешната девојка на Леонардо ди Каприо плени со елеганција

Urednik

Скандал кралицата во ШОК КРЕАЦИЈА на црвениот тепих во Венеција

Urednik

📷Бред Пит прослави 60-ти роденден, а со својот стајлинг ги шокираше луѓето

Urednik