СТАНДАРД life
Храна

Салепот го носи мирисот на Турција: Ароматичен пијалок кој можете да го подготвувате преку целата година

Турската кујна е позната по своите зачини, што ја прави специфична и препознатлива. Меѓу другото, има и рецепт за салеп, ароматично топло млеко кое е единствено во светот.

Салепскиот прав е, инаку, исушени, мелени корени на неколку видови орхидеи. Во рецептот подолу, можете да користите и алтернатива – пченичен скроб.

Состојки:

* 1 л. млеко
* 1 лажица салеп (во прав) или пченичен скроб
* 1 лажица цимет
* 1 лажица шеќер

Подготовка:

Во мало тенџере ставете една лажица салеп и шеќер, прелијте со чаша млеко и мешајте додека шеќерот малку не се раствори.

Ставете го на шпорет и варете на ниска температура со повремено мешање околу 10 минути.

Кога ќе биде готов, истурете го во чаши и посипете со цимет, колку што сакате.

На здравје!

Поврзани вести

Најдобар рецепт за тесто за пица!

Urednik

Направете си мајонез, ќе го добиете омилениот прилог

Urednik

Суво овошје кое содржи витамин Д

Radmila Tasevska