СТАНДАРД life
МК Сцена

Интервју со Young Dadi: Долго време посакував да сум на местото на светските ѕвезди кои ги гледав секојдневно на телевизија

Долго време посакував да сум на местото на светските ѕвезди кои ги гледав секојдневно на телевизија. Сонував и работев повеќе од три години пред да ја извадам првата песна. Еден ден си реков: „Ако не сега, никогаш“ и веднаш отидов да купам микрофон со парите кои ги собирав во касичка уште од дете. Неколку месеци подоцна го имав и мојот прв настап, вели младиот Јанг Дади во интервју за Стандард лајф.

За својот настап на овогодинешниот Exit фестивал вели дека „било лудо!“

-Самата атмосфера на фестивалот е неопислива , публиката загреана и организацијата беспрекорна и ми ги надмина очекувањата. Според мене Exit е најдобриот фестивал на Балканот. А ќе го запомнам како најголем фестивал на кој сум настапил, истакнува изведувачот.

На прашање што го мотивирало да ја напише песната „Бести“, истакна дека тоа е приказна која многу пати му се повторила во краток период.

-Некако природно ми дојде да ја напишам, вели Young Dadi во интервјуто.

Во однос на тоа каде се гледа за 5 години, младиот артист сигурен: „На светската сцена“.

Од каде доаѓа името Young Dadi? 

– Како мал во градинка ме викаа Дади. А Young е придавка која е доста користена во хип-хоп културата ширум светот, а и мотото ми е „Forever Young”.

Како започна твојата приказна со музиката?  

– Долго време посакував да сум на местото на светските ѕвезди кои ги гледав секојдневно на телевизија. Сонував и работев повеќе од три години пред да ја извадам првата песна. Еден ден си реков: „Ако не сега, никогаш“ и веднаш отидов да купам микрофон со парите кои ги собирав во касичка уште од дете. Неколку месеци подоцна го имав и мојот прв настап.

Што те мотивираше да ја направиш песната „Бести“?

– „Бести“ е приказна која многу пати ми се повтори во краток период, некако природно ми дојде да ја напишам.

Која твоја песна е посебна за тебе и зашто?

– Би ја одвоил „Дваесет“ бидејќи е многу искрена и надвор од мојата комфорт зона.

По што ќе го паметиш твојот настап на Exit 2023 година и дали ги исполни твоите очекувања? 

– На Exit беше лудо! Самата атмосфера на фестивалот е неопислива , публиката загреана и организацијата беспрекорна и ми ги надмина очекувањата. Според мене Exit е најдобриот фестивал на Балканот. А ќе го запомнам како најголем фестивал на кој сум настапил.

Каде се гледаш за 5 години од сега?

– На светска сцена!

Со што планираш да ги изненадиш твоите фанови во блиска иднина? 

– Следува „Скорпиус чаптер 2“ , а наскоро и нов сингл.

Р.Т.

Поврзани вести

Skopje Tattoo Show 2023: Македонците покажаа колку ја сакаат тату уметноста

Urednik

📽 Касапски со нов видео запис за макфестовската „Помини“

Urednik

Почина Мето Јовановски

Urednik