Денешниот рецепт за тарт од чоколадо и бадем ќе ги задоволи сите ваши сетила:
Подготовката трае околу 60 минути, а ќе биде доволен за 4 лица.
Состојки:
* 3 лажици бадеми (околу 75 g)
* 6 лажици шеќер
* 1 и 1/4 чаши брашно (околу 160 g)
* ¼ лажичка сол
* 6 лажици ладен путер (околу 90 g)
* 350 g чоколадо (50 проценти какао)
* 300 мл слатка павлака
* 1 лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Бадемите сомелете ги ситно. Измешајте ги со брашно, шеќер и сол и убаво измешајте. Додадете го ладниот путер исечен на парчиња и со раце преработете во ронлива смеса.
Тестото префрлете го во калап и притиснете го на дното и по рабовите. Печете околу 20 минути додека не добие златна боја, па оставете го целосно да се излади.
Загрејте ја слатката павлака и прелијте преку сечканото чоколадо. Мешајте додека не се раствори и измешајте ја ванилата.
Прелијте ја смесата врз изладеното пециво и оставете да се олади еден час.
Послужете со лесно изматена слатка павлака!
На здравје!