СТАНДАРД life
Шоубиз

Дилета Леота позираше со бебе во раце: „Секоја мајка знае за што зборувам“

НАЈПОЗНАТАТА спортска новинарка Дилета Леота на Инстаграм објави нови фотографии со ќерката Арија која неодамна ја роди.

„Да се ​​вратам дома и да те држам во раце е чувство кое не можам да го објаснам, но секоја мајка знае за што зборувам. Чиста љубов“, изјавила таа во описот.

Инаку, таа се породи на 16 август, на нејзиниот роденден, а со нив од Англија до Италија отпатува и нејзиниот партнер, фудбалерот Лорис Кариус.

„Денес се преродив преку тебе. Добредојде Арија. Ти си најдобриот подарок што можевме да го побараме”, напиша новопечената мајка.

Да потсетиме, Леота ја потврди врската со Лорис со фотографии од новогодишна ноќ. Двојката позираше гушната пред златни и бели балони, а голманот и подари на Дилета бакнеж во образот.

Новинарката претходно беше во врска со турскиот актер Џан Јамана.

(ФОТО) „Повторно се родив преку тебе“: Дилета Леота роди ќерка

Поврзани вести

🎥Томи Ли Џонс (77) ја прашува својата колешка (21) дали заедно снимиле некоја сцена

Urednik

Не се грижи за брчките: Дру Баримор откри зошто избегнува пластични операции

Urednik

Микрофонот што Карди Би го фрли кон фановите купен за речиси 100.000 долари

Urednik