СТАНДАРД life
Шоубиз

Објавени се цените на билетите за концертот на Ед Ширан во Загреб

Светски познатиот пејач Ед Ширан ќе настапи во Хрватска на 10 август 2024 година.

Влезниците за овој спектакл во Загреб ќе бидат пуштени во продажба наскоро, а сега се објавени и цените на билетите.

Според хрватскиот портал 24сата, цените на билетите ќе се движат меѓу 74,90 и 129,90 евра.

Како што понатаму наведоа, максимумот што може да купи еден човек е шест билети, а секој билет ќе биде персонализиран, за да се спречи препродажба.

Инаку, Ед Ширан ќе настапи и во Белград како и во Загреб. Седум дена по концертот во Хрватска, оваа мегаѕвезда доаѓа во Србија.

Поврзани вести

Снуп Дог ги прозва Греми затоа што никогаш не освоил награда

Radmila Tasevska

Заврши историскиот штрајк на актерите: Погледнете кои филмови продолжуваат да се снимаат веднаш

Urednik

(Фото+видео) Црно мини здолниште и подвески: Шарлиз Терон ги залуде парижаните во облека што секој не може да ја носи

Urednik