СТАНДАРД life
Балкан микс

Северина на суд: Не се плашам, пукајте ме во гради

Започна судењето на пејачката Северина Вучковиќ за наметливо однесување. Ја тужи поранешната директорка на Поликлиниката за заштита на деца и младинци, Гордана Буљан Фландер, бидејќи тврди дека и предизвикала вознемиреност.

Пејачката се запрашала зошто жените на кои им праќала СМС не и го блокирале само бројот.

„Ми го допреа детето! И наместо државата да ме заштити, еве, добив обвинение од истата држава за чинот на „наметливо однесување“ затоа што испратив СМС пораки на две инволвирани жени. Па зошто едноставно не ми го блокираа бројот?“, изјави Северина, пишува „Вечерњи“.

„Дотичните дами му пишаа на главниот државен правобранител и побараа да се справи со мене и еве ме на суд. Наместо да бидат предмет на истраги, моите и апликациите на стотици други жени седат во судските фиоки со години. Тоа е се што ќе кажам. Не се плашам од судот, пукајте ме во гради. Да живее Раде Кончар!“ – заклучи пејачката.

Во 2021 година, неделникот „Национал“ објави заканувачки СМС пораки што Северина ги испратила до директорката, која на крајот поднела кривична пријава против неа среде битката за старателство.

Поврзани вести

Северина за приклучувањето на „Суперстар“: „Мајка ми најмногу ќе се радува на шоуто“

Radmila Tasevska

📸 Вереницата на Огњен Амиџиќ го покажа трудничкиот стомак

Radmila Tasevska

Војаж ужива во новата љубов: Објави романтична фотографија со својата девојка (ФОТО)

Radmila Tasevska