СТАНДАРД life
Здравје

Најдобрата и најлошата храна за црниот дроб

Црниот дроб е важен, но деликатен орган. Некои намирници кои ги јадеме секојдневно се потенцијално опасни за црниот дроб, а ретко ги консумираме оние кои би имале многу здравствени придобивки. Со цел да знаеме која храна е добра, а која не е, подолу одбравме одредени намирници.

Црниот дроб има многу важни функции за телото и е најголемата жлезда во телото. Тој игра улога во синтезата на протеини, детоксикација на хемиските соединенија и создавање биохемиски молекули важни за варењето. Служи за складирање на хранливи материи и неутрализирање на штетните материи.

Го нарекуваат и „лабораторија“ на организмот, па јасно е зошто треба да му се помогне да работи без непотребни оптоварувања.

Еве неколку намирници што треба да ги вклучите во вашата исхрана за да му помогнете на црниот дроб:

Овесна каша

Храната богата со растителни влакна може да му помогне на вашиот црн дроб да работи најдобро. Овесната каша е идеален начин да го започнете денот. Истражувањата покажуваат дека може да ви помогне да ги намалите вишокот килограми и салото на стомакот, што е добар начин да се заштитите од заболување на црниот дроб.

Брокула

Додадете многу зеленчук во вашата исхрана ако сакате црниот дроб да ви биде здрав. Брокулата може да биде дел од оваа стратегија. Некои истражувања покажуваат дека оваа, не сечија омилена храна, може да помогне во заштитата од замастен црн дроб.

Кафе

Ако не можете да поминете еден ден без кофеин, ќе ви биде мило да слушнете дека тој може да има некои придобивки за вашиот црн дроб. Истражувањата покажуваат дека две до три шолји дневно можат да помогнат во заштитата на црниот дроб од оштетување предизвикано од премногу алкохол или нездрава исхрана. Некои истражувања сугерираат дека може да го намали ризикот од рак на црниот дроб.

Зелен чај

Полн е со антиоксиданси наречени катехини. Истражувањата покажуваат дека може да заштити од некои форми на рак, вклучително и рак на црниот дроб. Ќе добиете повеќе катехини ако сами го сварите чајот и го пиете топол. Ледениот чај и зелените чаеви купени во продавница имаат многу пониски нивоа на овој антиоксиданс.

Бадеми

Јаткастите плодови, особено бадемите, се добар извор на витамин Е, хранлива состојка за која истражувањата покажуваат дека може да помогне во заштитата од заболување на замастен црн дроб. Бадемите се добри и за вашето срце, па затоа земете грст следниот пат кога ќе посакате нешто за грицкање.

Спанаќ

Содржи моќен антиоксиданс глутатион, кој нормално се синтетизира во црниот дроб. Освен спанаќот, глутатион содржат и бамјата и авокадото.

Боровинки

Тие содржат хранливи материи наречени полифеноли кои можат да ве заштитат од безалкохолно масно заболување на црниот дроб, кое често оди рака под рака со дебелината и високиот холестерол. Доколку не сакате боровинки, друга храна богата со полифеноли се темното чоколадо, маслинките и сливите.

Овие намирници ќе ви помогнат да избегнете надуеност и да престанете да јадете кога сте сити.

Сè што го оштетува вашиот црн дроб е нешто што дефинитивно треба да се избегнува во контекст на здравата исхрана. Сепак, треба да ги споменеме најлошите избори, кои најмногу го оптоваруваат црниот дроб.

Подалеку од мрсна храна

Помфрит и хамбургери се лош избор за одржување на здрав црн дроб. Премногу заситени масти може да му отежни на црниот дроб да ја врши својата работа. Со текот на времето, тоа може да доведе до воспаление, што пак може да предизвика цироза.

Избегнувајте шеќер

Премногу слатки работи може да има лош ефект врз вашиот црн дроб. Тоа е затоа што дел од нејговата работа е да го претвори шеќерот во маснотии. Ако претерате, вашиот црн дроб создава премногу маснотии, што на крајот останува таму каде што не му е местото. На долг рок, може да завршите со замастен црн дроб. Затоа, направете услуга на вашиот црн дроб и направете слатките како повремено задоволство.

Бидете умерени со алкохолот

Премногу алкохол може да направи хаос на вашиот црн дроб и на крајот да доведе до цироза. Дури и повременото пиење (четири пијалоци одеднаш за жени и пет за мажи) исто така може да биде штетно. Обидете се да се ограничите на еден пијалок дневно ако сте жена или две ако сте маж.

Прескокнете ги грицките

Следниот пат кога ќе почувствувате желба за грицкање, посегнете по нешто поздраво. Проблемот со чипсот и другите задоволства во кеси е што обично се полни со шеќер, сол и масти. Намалувањето на количината што ја консумирате е релативно лесна (и голема) промена во исхраната со мало планирање. Една добра стратегија: понесете резерви на здрави закуски со вас на работа.

Необичен симптом на замастен црн дроб кој повеќето луѓе го игнорираат

Поврзани вести

Висок крвен притисок и алкохол: Кој е загрозен, какви се последиците и дали има некакви придобивки?

Urednik

ПРВ И ЕДИНСТВЕН ЦЕНТАР ЗА ТРЕТМАН НА БОЛКА СО МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

Urednik

Ако варите кафе веднаш штом ќе станете, правите голема грешка

Radmila Tasevska