СТАНДАРД life
Шоубиз

Полни раце и гримаси: Бен Афлек се „мачи“ на снимање на реклама

Познатиот актер и продуцент е голем обожавател на еден од најпознатите синџири специјализирани за американски крофни.

Здружен со ѕвездата на TikTok, Чарли Д’Амелио, тој ја сними оваа реклама за нив во Лос Анџелес.

Носеше сива маица со натписот „Day Ones“ и портрет од него и Мет Дејмон (семеен пријател со кој се дружи од осумдесеттите).

Тој имаше полни раце со купишта кутии од Dunkin Donuts кои во еден момент му испаднаа од раце, а неговите смешни изрази на лицето беа уловени од папараците.

Поврзани вести

Викторија Бекам повеќе од 25 години јаде ист оброк секој ден – Еве како ја одржува витката линија!

Radmila Tasevska

Ги одложи сите концерти: Знаете ли од што боледува Брус Спрингстин?

Urednik

Тешки обвинувања против легендарниот Хулио Иглесијас, сексуално злоупотребил две жени

Urednik