СТАНДАРД life
Здравје

Дали сакате газирана вода? Експертите открија како таа влијае на нашето здравје

Дали газираната вода е добра како и обичната вода? Според Роналд Моган, професор на Универзитетот Св. Ендрјус во Шкотска, одговорот е: „ниту блиску“.

„Газираната вода има незначително влијание врз хидратацијата на телото во споредба со обичната вода“, вели овој професор, кој е еден од авторите на студијата од 2016 година, која ги споредувала хидратантните ефекти на различните пијалаци.

Сепак, диететичарот и нутриционист Џен Баум вели дека газираната вода може да биде одличен избор за секој кој не е љубител на обичната вода.

„Претпочитам луѓето да хидрираат со пијалаци во кои уживаат отколку да не пијат доволно течности во текот на денот“, истакнува таа за BuzzFeed.

Дали газираната вода ги оштетува забите?

За жал, кога се во прашање забите, стоматологот Цериса Монкајо има лоша вест. Кога пиете газирана вода, хемиската реакција во вашата уста го претвора јаглеродниот диоксид во јаглеродна киселина, а киселината ја јаде забната глеѓ, објасни тој.

„Белиот слој од забот е надворешната заштитна структура на нашите заби. Кога забната глеѓ е компромитирана, тоа доведува до низа проблеми со забите, како што се шуплини, ослабени заби или чувствителност“, заклучил Монкајо.

Поврзани вести

Три стратегии кои ќе ви го зајакнат имунитетот во студените денови

Radmila Tasevska

Шест работи кои потта може да ги открие за нашето здравје

Urednik

Седум суптилни знаци кои откриваат дека детето можеби страда од анксиозност

Urednik