Како што веројатно сите добро знаат, постојат многу нехормонски фактори кои влијаат на сексуалниот нагон.
Добро е утврдено дека либидото се намалува со возраста, особено по менопаузата. Но, неколку студии што се обидоа да ги испитаат промените во хормоналните нивоа и сексуалната желба за време на месечниот циклус во голема мера се покажаа како неубедливи.
Сè додека една студија објавена во 2013 година во списанието „Hormones and Behavior“ не пронајде докази за корелација меѓу двете, пишува „Гардијан“.
Значи, ако жените не се расположени за секс за време на викендот, тоа не е проблем. Најновото истражување вели дека постои врска помеѓу водењето љубов и денот во неделата или месецот.
Женското либидо е под влијание на разни надворешни и внатрешни фактори, додека, се чини, машката желба за секс е секогаш иста, силна и секогаш изразена.
Ако мислевте дека жените се расположени за секс за време на викендите, тогаш се лажете. Всушност станува збор за одредени денови во месецот. Најсилното либидо е непосредно пред и за време на плодните денови, или поточно, многу брзо по завршувањето на „тие денови“.
Сепак, освен хормоните, желбата за секс е под влијание на голем број фактори, вклучувајќи го и денот во неделата.
Истражувањето спроведено на голем примерок од слободни жени и жени во сериозни врски откри дека слободните жени прво ќе водат љубов во понеделник и среда, додека оние во врска ја оставаат акцијата за петок или сабота.