СТАНДАРД life
АНАЛИЗИ

Колку „Северен тек 2“ зависи од Навални?

Геополитичкиот трилер „Навални-Северен тек 2“ влегува во нова, драматична фаза пред викендот, со одлуката на Берлин да не ги проследува резултатите од тестовите на Бундесверот во Москва, со кои „непобитно беше утврдено“ дека рускиот опозиционер е затруен со „новичок“ воениот отров на 20 август. Наместо Москва, која, откако Алексеј Навални беше префрлен на лекување во Берлин на 22 август, на 27 август официјално побара од Германија информации за неговата понатамошна здравствена состојба, тестовите и анализите на Бундесверот беа испратени на друга адреса – Меѓународната организација за забрана на хемиско оружје (OPCW), чии членови се и Германија и Русија.

„Не гледаме зошто треба да ги проследиме доказите директно до Русија. Продолжуваме да бараме од Русија да доставува релевантни податоци“, ја пренесе агенцијата ДПА изјавата на Мартина Фиц, заменик-портпарол на германската влада, во средата.

Понатамошниот тек на дијалогот меѓу Берлин и Москва по повод трилерот „Навални-Северен тек 2“ е неизвесен. Штефан Зајберт, портпарол на владата на канцеларката Меркел, изјави ден претходно дека одговорите на Русија на Германија „сигурно нема да чекаат неколку месеци, или до Нова година“ со скрстени раце. По објавувањето од Берлин, наодите од Бундесверот отидоа во OPCV, кој е следниот потег на Москва? И тоа среде многу силна меѓународна кампања по повод случајот „Навални“ мегагасоводот да се „потопи“ со санкции, привремено или трајно.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте го знае одговорот на намерите на Москва по овој повод. „Претседателот Путин ме увери (во неодамнешниот телефонски разговор) дека Русија има намера да расветли што се случило и дека по тој повод има намера да формира истражен комитет, како и дека е подготвена да соработува со германските власти. Соработката е најдобриот начин да се спречи овој драматичен настан да има негативно влијание врз односите меѓу ЕУ и Русија“, ја цитираше Ројтерс вчера изјавата на Конте за „Фољо“.

Во меѓувреме, некои германски политичари отворено се сомневаат дека Москва го отрула Навални со „новичок“.

„Тешко е да се разбере логиката во верзијата дека Москва стои зад тоа (труење на Навални). Но, спомнувањето на санкциите и фактот дека „Северен тек 2“ беше веднаш погоден … Единственото нешто што може логично да се процени е дека ова е специјална операција на оние кои се спречени од „Северен тек 2“ тука да го продаваат својот течен гас (ЛНГ), оцени Валдемар Херт, член на Комитетот за меѓународни односи на германскиот Бундестаг. Според него, „економски и еколошки, ниту еден друг енергетски проект не е ривал на „Северен тек 2“. Политичарите кои се залагаат за запирање на тој гасовод треба веднаш да им објаснат на своите гласачи дека во тој случај цената на енергијата ќе се зголеми, заклучи Херт.

Во острата дебата што се одржа во соседна Полска по повод трилерот „Навални-Северен тек 2“, деновиве се слушнаа разни предлози.

Така, Дирк Нибел, поранешниот германски министер за економска соработка и развој, на економскиот форум во Варшава истакна дека Берлин треба прво да го заврши „Северен тек 2“, а потоа, во иднина, евентуално да размисли за санкции, пренесе ТАСС.

„Ние мора да го решиме прашањето за снабдување со енергија како суверена држава“, додаде Нибел.

Официјална Варшава апелира до Германија да погледне наоколу.

„Одговорот на случајот „Навални“ треба да доведе до прекинување на работата за изградба на „Северен тек 2“, што ја зајакнува моќта на Русија, му помага на претседателот Владимир Путин да ја надгради својата воена сила и да ги заплаши другите земји. Без Германија, нашиот западен сосед, тој проект нема смисла. Апелирам до нив да видат што се случува во Белорусија, во Украина, за да проценат каков вид ризик претстои во Украина, доколку тој проект биде завршен“, предупреди полскиот премиер Матеуш Мазовиецки.

Полска е подготвена да и понуди на Германија „алтернатива“ во идното снабдување со гас, преку поврзување на земјата со најсилната економија во ЕУ со идниот „балтички гасовод“, изјави Пјотр Милер, владин портпарол во Варшава. Предметниот гасовод, кој треба да ја поврзе Полска со норвешките полиња на гас во Северното Море во 2022 година, има пет пати помал капацитет од „Северен тек 2“. Берлин сè уште не реагирал на оваа понуда.

Инаку, од берлинската болница „Шарита“ вчера пристигна веста дека заздравувањето на Алексеј Наваjanан е се подобро и дека тој почнал да зборува, објави Ројтерс.

Кој на кого ќе му поверува што му се случи на Навални на аеродромот во Томск на 20 август и какви последици може да има за судбината на „Северен тек 2“ е голема мистерија.

Поврзани вести

Најголемите европски економии се во рецесија, а најлошото допрва доаѓа

msp-admin

Економиите од кои најмногу се очекуваше, лошо одговорија на кризата – Оваа листа ќе ве изненади

msp-admin

Што нѝ носат ИТ трендовите за 2021 година?

Влатко Зорба