СТАНДАРД life
АНАЛИЗИ

Северна Македонија губи околу 333 милиони евра годишно поради емиграција на младите

Истражување насловено „Цена на емиграцијата на младите“ е прво од ваков вид што дава докази за македонската емиграција и одговор на едно едноставно прашање: „Колку чини иселувањето на младите од Северна Македонија?“ Во него се прави проценка на трошоците и финансиското влијание врз државата и загубите предизвикани од алармантно високиот број на луѓе што ја напуштаат Северна Македонија.

Истражувањето ги квантифицира ефектите и импликациите од емиграцијата врз целокупната македонска економија и загуби во бруто домашниот производ (БДП), притоа внимателно разгледувајќи како дознаките од странство се трошат.

Резултатите покажуваат дека Северна Македонија инвестирала околу 502 милиони евра во образованието во 2018 година. Највисока сума се однесува на високото образование (203,4 милиони евра), по што следи основно образование (191,1 милиони евра) и средно образование (107,5 милиони евра).

Едукацијата на македонски граѓанин, кој што завршил во 2018 година, опфаќа основно училиште (девет години), потоа средно училиште (четири години) се до академски студии (кои во просек траат пет години) чини околу 29.000 евра. Цената на четири годишно средно образование со завршено основно образование чини околу 14.500 евра, додека само основно образование чини околу 9.000 евра. Проценка на трошоци за постдипломско образование не се прават лесно поради недостапноста на податоци. Врз основа на достапни информации, за докторат просечно се трошат околу 48.000 евра.

Во зависност од образовната структура и бројот на заминувања, вкупните трошоци за образование од лицата кои ја напуштаат Северна Македонија за една година варираат од 116 милиони до 433 милиони евра.

Поради неможноста да се спречи годишната емиграција, потенцијалниот годишен БДП е во загуба од околу 333 милиони евра, што е околу 3.1% од БДП во 2018 година.

Покрај негативните ефекти, неможеме да ги игнорираме и придобивките од иселувањето, иако повеќето демографи и соицолози сметаат дека тоа се несакани ефекти. Најважната директна придобивка од миграциските текови се приливите од странство, кои според исражувањето стигаат до околу два проценти од БДП на Северна Македонија, или околу 200 милиони евра, во 2018 година.

Овие податоци се засноваат на административни извори и на легални банкарски сметки. Во согласност со Меѓународен монетарен фонд (ММФ), учеството на дознаките од странство преку неформални канали е еднаква на дополнителни четири проценти од БДП. Како резултат на тоа, вкупниот удел на реалните дознаки од странство можат да достигнат до шест проценти од БДП, што значи дека Северна Македонија меѓу најдобро рангираните земји по ниво на оваа категорија на приход.

Во поширока смисла, ако на дознаките ги додадеме приливот од странски пензии и плати на македонски жители во странство, оваа сума се искачува на околу 721 милиони евра. Сепак, иако значајно, овој извор на средства не може да биде генератор на економски развој, бидејќи само еден процент оди во деловна инвестиција.

Миграциска статистика

Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија составува статистика за миграцијата. Тековно достапните податоци го опфаќаат периодот помеѓу 2003 и 2017 година. Податоци за движењето на населението е добиено од евиденцијата на регионални канцеларии за емиграција и имиграција на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија. Со исклучок на 2005 година, во сите други години миграцискиот биланс е позитивен.

Меѓународниот извештај за миграција од Организацијата за економска соработка и развој, покажува дека во периодот од 2012 до 2016 година 115.000 луѓе ја напуштиле Северна Македонија.

Анкета кај младите македонски граѓани – наречена „Студии за млади на Северна Македонија 2018/2019 година“ – покажа дека скоро половина од младите луѓе го навеле подобрувањето на нивниот животен стандард како главна причина за миграција, скоро 18% навеле повисоки плати, додека 11,3% подобри можности за вработување.

Економска придобивка од миграција на населението

Проценката на ефектот од циклусот на миграција варира во зависност од перспективата. Од гледна точка на поединецот, миграцијата има позитивен економски ефект, а заминувањето е „за подобро“ и е сторено со таа цел. Од глобална гледна точка, миграциските процеси се исто така позитивни, бидејќи тие помагаат правилно да се распредели човечкиот капитал.

Најважната директна придобивка од миграциските текови се плаќањата од странство. Тоа се парите пренесени од иселениците до нивните блиски кои останале во матичната земја.

Уделот на дознаките од БДП на Северна Македонија биле околу два проценти или околу 200 милиони евра во 2018 година. Овие податоци се засноваат на административни извори, како и на легални банкарски испалти и брзи трансфери на пари, така што би можеле да претпоставиме дека оваа сума е многу поголема на годишно ниво ако се вклучени неформални текови.

Генерално, ако се разгледуваат извори покрај овие исплати, како странски пензии, плати, камати или профит на македонските жители од странство, износот се зголемува на 721,3 милиони евра. Заради споредба, нето приходот од странски директни инвестиции во Северна Македонија во 2018 година биле околу 621,9 милиони евра. Истражувањата покажуваат дека повеќето од нив одат на потрошувачка (67%), додека само еден процент одат на инвестиции. Околу 10% одат на заштеда, а 16% на набавки на недвижнини.

 

Поврзани вести

Дали коронавирусот е „црн лебед“?

Stefanija Kuzmanovska

Додека работната сила заминува на Запад, отпадот доаѓа на Балканот

msp-admin

Нова рецесија и се заканува на Европа (инфографик)

Влатко Зорба