СТАНДАРД life
Балкан микс

Дејан Милиќевиќ ограбен во Македонија: „Ми го испразнија станот за 40 минути, не ми оставија ни гаќи“

Директорот на фотографија и визуелен уметник, Дејан Милиќевиќ се присети на својот живот во Македонија и на немилиот настан што му се случил на врвот на неговата кариера.

За помалку од еден час, сè што градев со години, го снема, изјави тој, цитиран од српски „Телеграф“.

„Луѓето повеќе ме повредуваат приватно отколку на деловен план. По 10 години во Македонија, за 40 минути ми го испразнија целиот стан. Имав камери, монтажа, добро работев и заработив убав капитал, вложив се. За половина час се од станот се најде на Косово и беше распродадено, а секако за тоа дознав многу подоцна – изјави Милиќевиќ и додаде:

-Тоа беше голем стан во Скопје, а блиндираната врата не беше обиена, што е многу интересно, туку отклучена. Излегува дека некој еднаш ми го зел клучот и направил нов… Не сакам веќе ни да размислувам за тоа. Очигледно, сè мораше да се случи на тој начин. Се што заработив го немаше за 40 минути, не ми оставија ни гаќи. Дури и рутерот го однесоа, веројатно за да ми кажат дека не сум добредојден, рекол Дејан.

Поврзани вести

Таткото зборуваше за последните денови на Небојша Глоговац: „Почувствува нешто тешко на стомакот, почина за еден месец“.

Urednik

📸 Северина се пофали со фотографија во костим за капење, ја опсипуваа со комплименти

Radmila Tasevska

Северина искрено за синот: „Знае дека сум некој, но не знае кој точно“

Urednik