СТАНДАРД life
14.02.2022., Zagreb - Portreti Danijele Martinovic. Photo: Emica Elvedji/PIXSELL
Балкан микс

„Не наседнувајте на тоа“: Данијела Мартиновиќ била жртва на измама, па објави важна порака (ФОТО)

Пејачката Данијела Мартиновиќ на социјалните мрежи објави дека е жртва на кражба на идентитет.

Имено, како што објави преку Инстаграм, одредени компании го користат нејзиното име за да ги рекламираат своите производи, а пејачката упати апел до луѓето да не веруваат во овие реклами и нагласи дека таа нема никаква врска со тоа.

„Не наседнувајте на лажни огласи во кои рекламираат медицински препарати користејќи го мојот лик, име и презиме. Твоја Данијела“, напиша Мартиновиќ.

Иако не прецизираше точно за кои фирми и огласи станува збор, таа јасно стави до знаење дека не стои зад никакви кампањи, а луѓето и се заблагодарија во коментарите и ја поддржаа.

Дополнително, Мартиновиќ не е единствената јавна личност на која и се случило вакво нешто, а на кражба на идентитет се пожалиле и Нина Бадриќ, Драгана Мирковиќ и други јавни личности.

Поврзани вести

Северина се одмара на Корчула со синот Александар, му исполнила посебна желба

Urednik

Северина во друштво на познат продуцент

Radmila Tasevska

Самарџиќ проговори за болеста на тироидната жлезда

Urednik