СТАНДАРД life
Балкан микс

По 32 години Мерлин ја откри вистината за „Белград“ на Цецa: Се се случи една вечер во Сент Гален

Дино Мерлин ја раскажа приказната како настанала познатата песна „Белград“ која ја пее Цеца Ражнатовиќ.

Како што вели, не е точно дека некогаш тој требало да ја отпее.

– За жал, ни тоа не е точно. Песната „Белград“ е напишана за Цеца Величковиќ во Швајцарија, во Сент Гален, една вечер на почетокот на 91 година. година, на барање на нејзиниот тогашен партнер. Тогаш и напишав три песни, меѓу кои и песната „Белград“ – истакна Мерлин.

На прашањето дали и понатаму останува на ставот дека никогаш нема да ја пее на неговите концерти, Мерлин нагласи „никогаш не вели никогаш“.

– Среќна околност е што напишав доволно песни што и се допаѓаат на мојата публика. Но, како што одминува времето и има се повеќе песни, се потешко ми е да составам сет листа за концерт за да ги задоволам и мене и нив. „Белград“ ми е драга песна, но речиси никогаш не ги изведувам песните што ги напишав за други. Сепак, никогаш не кажувајте никогаш. Добра идеја ми дадовте, ќе размислам – објасни за српски „Курир“ пејачот од Босна и Херцеговина.

Поврзани вести

Марија Шерифовиќ откри како се сложуваат нејзиниот син и кучето и за инцидентот во Зеница: „Во БиХ секогаш одам со широко отворено срце“

Radmila Tasevska

„Братот и јас…“ Георгиев објави фотографија со Ѓоковиќ од приватна прослава

Urednik

Со најпопуларните српски актери и испочитувана традиција: Како Милош Биковиќ го прослави раѓањето на својот син?

Radmila Tasevska