СТАНДАРД life
Балкан микс

Пријовиќ откри што и кажала Розга кога ја повикалa да гостува на концертот во Арена

Јелена Розга беше една од гостите на концертот на Александра Пријовиќ во Арена Загреб. Александра во емисијата Балканска улица на ТВ Блиц откри како ја договориле Розга да пее на четвртиот концерт на Пријовиќ. Александра изјави дека со Јелена се познава со години и дека еднаш на ручек разговарале за концертот.

Таа се согласи без проблем „Разговаравме многу убаво. Таа е многу топла, учтива и нормална жена. Многу сме слични. Многу ми се допаѓа нејзината енергија. Јас и реков: „Ако даде Господ, еден ден ќе имам концерт во Сплит, не знам кога ќе биде. Ти си од тој град и некако е логично да те поканам тогаш. А таа вели вака: „Ма, јас ќе ти дојдам и во Загреб, и во Сплит и каде што сакаш“, рече Александра.

Јелена Розга и беше гостинка на Александра Пријовиќ на нејзиниот четврти концерт на почетокот на декември во Арена Загреб. Откако со Александра испеа неколку нејзини песни, како Гинем, Дани си без броја и Минус и плус, на сцената им се придружи Лепа Брена, а заедно ја отпеаја и Хајде да се ловимо.

Поврзани вести

Нина Бадриќ откри што искрено мисли за Пријовиќ и нејзиниот успех во Хрватска

Urednik

📸 Вереницата на Милош Биковиќ ја објави првата фотографија од нивниот син

Radmila Tasevska

🎼Беше најбараната манекенка во Југославија, а остана запаметена по бурната врска со Бреговиќ, кој и го посвети својот голем хит!

Urednik