Администрацијата на новиот американски претседател Џо Бајден планира повторно да воведе ограничувања за патување за повеќето жители што не се американски државјани и кои неодамна биле на територијата на Европската унија, Велика Британија, Ирска и Бразил, потврди Белата куќа.
Пред да замине од претседателската функција, Доналд Трамп ги укина ограничувањата за патување. Но, новото раководство на САД, покрај претходните ограничувања, ќе наметне дополнителни ограничувања на луѓето кои престојувале во Јужна Африка, каде што се појави нов вид на коронавирус и предизвика загриженост кај научниците.
„Со влошена пандемија и појава на позаразни верзии на вирусот ширум светот, не е време да се укинат ограничувањата на меѓународните патувања“, објави портпаролот на Белата куќа Џен Псаки минатата недела на Твитер.
„Според советот на нашиот здравствен тим, оваа администрација нема намера да ги укинува ограничувањата. Всушност, ние планираме да ги засилиме мерките поврзани со меѓународните патувања за да го ограничиме ширењето на коронавирусот“, додаде Псаки.