СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Чудна ПОНУДА на eBay: Се продаваат НЕСАКАНИ подароци!

И покрај тоа што е вообичаено да се најдат несакани подароци на платформите за е-трговија како eBay, многумина ставаат подароци на аукција само неколку часа откако Дедо Мраз „излетал од оџакот“.

Имено, како што пренесуваат медиумите, има луѓе кои своите подароци ги пуштиле на продажба уште пред да заврши Божиќ. Она што е невообичаено е тоа што има такви кои продаваат подароци што не ги сакаат и пред да погледнат што има во нив, значи, неотпакувани.

Еден од огласувачите, на пример, посочи раскин на врската и напиша: „Тоа е долга приказна, тие се подароци од некој со кој не сакам повеќе да контактирам!“

„Не зборуваме сега, но го добив подарокот пред да се скараме“ или „Се надевам дека некој друг ќе ги цени подароците затоа што јас не ги сакам“, се некои од дадените коментари и објаснувања.

Да се ​​купат такви подароци е, може да се каже, „меч со две острици“. Понекогаш можете да платите помалку за скап подарок, а понекогаш плаќате и тројно повеќе за многу обична работа.

Иако eBay нуди поврат на средства ако не го добиете она што е прикажано на фотографијата и е опишано во објавата, во вакви ситуации е тешко да се докаже дека не сте го добиле потребното.

Поврзани вести

Ги запознаваме ретките болести: Едвардс-синдром

Влатко Зорба

НЕОБИЧЕН протест на германските фризери: КОЈ ГИ ШИША фудбалерите среде „локдаун“?

Влатко Зорба

Приватниот ТРОПСКИ ОСТРОВ каде ноќевање е 80.000 долари (ФОТО)

Влатко Зорба