Најбогатите луѓе во светот живеат во некои од најголемите европски земји. Интересно е што тие се збогатија со производи што ги консумираме и ние.
Најбогатиот Французин, а воедно и најбогат Европјанин е Бернард Арно. Неговото богатство е 112 милијарди долари и тој е четвртата најбогата личност во светот.
Тој е сопственик на компанијата ЛВМХ, која е најголемиот светски производител на луксузни стоки. Меѓу неговите брендови се Луј Витон, Булгари, Моет, Хенеси, шампањот Дом Перињон, часовниците ТАГ Хојер.
Најбогат Шпанец е Амансио Ортега, кој во моментов е 18-ти најбогат човек на светот со околу 63 милијарди долари. Тој е сопственик на компанијата Индитекс, која вклучува модни брендови како што се добро познатите Зара, Пул енд Бар, Масимо Дути, Бершка, Страдивариус… Овие брендови се добро познати и присутни во Македонија во последните неколку години.
Џовани Фереро, со скоро 34 милијарди долари, е најбогатиот Италијанец. Тој е сопственик на позната компанија позната по слатки производи, како што се Нутела, Рафаело, Фереро Роше… Џовани го презеде управувањето со компанијата по смртта на неговиот брат во 2011 година.
Друго име што го знаеме е Дитер Шварц, кој е најбогатиот Германец. Тој е сопственик на трговскиот ланец Лидл. Неговото богатство се проценува на повеќе од 27 милијарди долари.
Најбогат Британец е Џејмс Дајсон со 26 милијарди долари. Тој е пронаоѓач, индустриски дизајнер, сопственик на земјиште и претприемач кој го основал Дајсон ДОО. Тој е традиционално најпознат како пронаоѓач на правосмукалката без торби „Dual Cyclone“, која работи на принципот на циклонско одвојување.
Дитрих Матешиќ, ко-сопственик на Ред Бул, е најбогатиот Австриец. Тој е сопственик на 49 проценти од компанијата за енергетски пијалоци.
Најбогата Холанѓанка е Шарлин де Карваљо-Хајнекен, која стои зад вториот по големина производител на пиво во светот – Хајнекен Интернешнл.