СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Малта: Дојдете на одмор, ќе добиете 200 евра по лице

Државата Малта планира да понуди по 200 евра на секој странски турист кој ќе помине најмалку три дена во островската земја следното лето.

Намерата на државата Малта е да ја оживее туристичката индустрија и да биде чекор пред ривалските туристички земји.

Министерот за туризам на Малта, Клејтон Бартоло, вчера го претстави планот. Тој рече дека повеќето ограничувања воведени поради КОВИД-19 се очекува да бидат укинати до 1 јуни. На туристите кои ќе резервираат сместување во туристички хотели, управата на хотелот ќе им даде пари по пристигнувањето.

Покрај тоа, Бартоло истакна дека на туристите кои ќе резервираат сместување во хотели со пет ѕвездички, ќе им бидат доделени 100 евра од Државната управа за туризам. Тие ќе добијат уште 100 евра од управата на хотелот.

Податоците од Светскиот совет за патувања и туризам покажуваат дека туризмот директно или индиректно сочинува повеќе од 27 проценти од економијата на Малта. Тој сектор е загрозен од пандемијата Ковид-19.

Во 2019 година, Малта ја посетија повеќе од 2,7 милиони странски туристи. Тој број е намален за повеќе од 80 проценти од откривањето на вирусот во март минатата година.

Поврзани вести

НЕОБИЧЕН протест на германските фризери: КОЈ ГИ ШИША фудбалерите среде „локдаун“?

Влатко Зорба

6 лесни начини да ја вратите мотивацијата, што пандемијата ја уби

Влатко Зорба

Санела Џенкинс го продаде имотот за 87 милиони долари на ко-основачот на WhatsApp

Влатко Зорба