Иако во Австрија беа укинати некои ограничувачки мерки воведени за борба против коронавирусот, сезоната на големи балови, што традиционално се одржува во февруари, е откажана. Ова е тажна вест за Виена, град на кој валцерите му се во крвта.
„Тоа е катастрофа“, вели Карин Лембергер, претседател на Здружението на училиштата за танцување во Виена, 25 институции кои подготвуваат тинејџери и млади возрасни за првиот бал во сезоната.
„Заработивме малку или ништо оваа година“, додаде тој.
Виенските балови не се само важна работа за училиштата за танцување. Според трговската комора на градот, минатата година во вакви настани учествувале околу половина милион луѓе, од кои 10% дошле од странство.
Секој од учесниците потрошил просечно 290 евра на билети, свечени фустани или одела, фризури, шампањ, што е приближно 150 милиони евра приход, тврди комората.
Многу балови се организирани од одредени професии, но и странците се добредојдени. Значи, оваа сезона, меѓу другите, откажани се баловите на слаткарите, фармацевтите и производителите на кафе.
Нема да има голема бал на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), традиционалниот бал во Хофбург, поранешната царска палата на Хабсбург.
Откажана е најелегантната и најважната – Оперскиот бал во Виена, каде што фраковите и џепните часовници сè уште се неизбежен дел од кодексот на облекување за политичарите, бизнисмените, уметниците и сите други што учествуваат во него.
„Откажувањето на овој бал е голема финансиска загуба“, изјави портпаролката на операта Марија Визингер. Операта планираше да организира гала концерт за да ги надополни загубите, но и тоа пропадна.
Научниците се обидоа да го организираат својот бал преку Интернет, но тоа се покажа како невешт обид.
„Танцот сепак бара физички контакт“, објасни Норберт Кетнер, директор на Виенската туристичка канцеларија.
Баловите беа во пораст пред пандемијата, па свои балови имале и хип-хоперите, бегалците и ЛГБТ заедницата. Тие се исто така важни за голема заедница музичари кои губат важен дел од своите приходи од празните подиуми за танцување.
Оптимизмот сепак не ги остава.
„Мислам дека сè ќе се среди до следната година“, вели Кеван Техерани, кој свири по балови веќе четвртина век.
И директорот на туристичката канцеларија се согласува со него.
„Верувам дека по вакцинирањето, социјалниот живот ќе се врати во нормала релативно брзо“, рече Кетнер, а Лембергер предвидува „следната сензационална сезона на балови“.