СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Најтесната куќа во Лондон се продава за 1,1 милион евра

Најтесната куќа во Лондон се продава за 1,1 милиони евра (1,3 милиони долари), пишува Euronews.

Сместена е помеѓу фризерска и лекарска канцеларија, а во најтесниот дел е широка само 1,6 метри.

Необичниот имот на 5 спрата во населбата Шепардс Буш првично беше викторијанска продавница за капи со магацин за стоки и живеалишта на горните катови.

Куќата е изградена кон крајот на 19-тиот или раниот 20-ти век, вели Дејвид Мајерс од Winkworth Estate Agents.

Тоа е „уникатен дел од историјата и магијата на Лондон“, додаде тој.

Иако е најтесната куќа во Лондон, се наоѓа на 96 квадратни метри, а просторот за живеење вклучува две спални соби, мала градина и кровна тераса.

Поврзани вести

Реклама на Nike, посветена на мајчинството, се претвори во хит (ВИДЕО)

Влатко Зорба

„Нетфликс“ ќе снима филм за „Гејмстоп“, кој ќе биде главниот актер?

Влатко Зорба

Први острови во Грција без корона: „Резервациите се зголемуваат“

Влатко Зорба