Неодамна, филијалата на најбрзорастечката, но и „најзелена“ британска авиокомпанија Wizz Air UK најави воведување на 6 нови нискобуџетни линии во својата мрежа.
Планирано е овие нови правци да бидат воспоставени во пролетта 2021 година. Ова ќе им даде можност на туристите лесно да патуваат од Велика Британија до некои сончеви дестинации не само во Грција, туку и во Шпанија и Турција.
Првиот лет до Ираклион на грчкиот остров Крит е планиран за 28 мај. Цената на билетот засега е 31,99 британски фунти, што е приближно нешто повеќе од 35 евра. Според сегашниот план, летовите ќе се одвиваат секој понеделник и петок.
– Иако малку луѓе можат да патуваат во моментот, ние се обидуваме да погледнеме напред, во некои посветли времиња. Оваа објава е само уште еден доказ за нашата посветеност да обезбедиме достапни, директни летови до возбудливи дестинации за сите што летаат од Велика Британија – изјави Овеин Џонс за „Greek city times“, извршен директор на Wizz Air UK.
Засега, туристите имаат многу достапни цени на билетите за сите понудени дестинации.
– Ако сонувате да патувате во странство, резервирајте сега за да ги искористите екстремно ниските цени што моментално ги нуди Wizz Air UK. Исто така, препорачуваме да додадете Wizz Flex на секоја резервација, за да бидете целосно олеснети, дури и ако има каква било промена во планот. Ние со нетрпение очекуваме и ги поздравуваме сите што ќе имаат можност да ги користат услугите на најзелената европска воздушна група – рече Џонс.