СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Пандемијата „уби“ 2.000 пабови: Луѓето навикнаа да пијат дома?

Илјадници британски пабови не ја преживеаја пандемијата, според угостителското здружение.

На оние кои преживеаа ќе им биде потребна финансиска поддршка со години доколку се опорават.

„Многу пабови повторно ќе се отворат со големи долгови“, рече Дејв Маунтфорд од британскиот паб-форум за Sky News во саботата.

Според извештајот, најмалку 2.000 пабови трајно ги затвориле вратите.

„Тие земаа заеми за закрепнување, но оваа индустрија не закрепна“, рече Маунтфорд. Тој додаде дека е нејасно во кој број луѓе ќе се враќаат во пабовите и се прашува дали луѓето се навикнале да пијат дома.

„Да бидам искрен, тоа е прилично мрачна иднина“.

Тие мораа да ја држат вратата затворена со месеци поради карантинот кој постојано беше на сила и претходно воведените регионални мерки. Пивските градини треба да се отворат во Англија од средината на април, објави „СЕЕбиз“.

Поврзани вести

Животни навики што ве прават подобар претприемач

Влатко Зорба

Бил и Мелинда Гејтс: Миеме садови, скромни сме и одиме во црква

Влатко Зорба

Балкански проблем: Дали премногу доцна сфаќате дека чоколадото од 5 евра не е ефтино?

Влатко Зорба