СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Први острови во Грција без корона: „Резервациите се зголемуваат“

Расфрланите острови во Егејското Море ќе станат први области на Грција без Ковид 19, бидејќи вакцинирањето се интензивира на туристичките дестинации и затоа што целта е да станат првите целосно вакцинирани области на нашиот јужен сосед. Во еден од најголемите оперативни предизвици на модерното време, властите ветија дека најмалку 69 острови ќе бидат целосно вакцинирани до крајот на април, пренесува Гардијан.

„Имаме многу помали острови. Токму затоа што им е тешко да пристапат до залихи, решивме да го вакцинираме целото население во еден потег со цел кога ќе почнат да примаат туристи, жителите да бидат целосно вакцинирани и заштитени“, изјави претставник на Министерството за здравство Мариос Темистокле, кој ја надгледува програмата.

Според планот, направен со помош на вооружените сили, испораката на вакцини до оддалечените острови ќе се интензивира во наредните недели. Додека урбаните центри ширум Грција се борат против третиот бран на инфекции со коронавирусот, што сега се шири низ цела Европа, огромен број острови во земјата останаа недопрени од кризата.

Во Липси, дел од островите Додеканез во Јужен Егеј, Фотис Мангос, градоначалник на островот, рече дека имало „само еден случај од избувнувањето на пандемијата, и тоа кај војник, за кој се утврдило дека се вратил од отсуство. Скоро целото возрасно население од 800 лица е вакцинирано, кое живее постојано во Липси.

„Четириесет и пет проценти се на возраст под 18 години, но скоро секој што ги исполнува условите ги примил двете дози на вакцина. Викендов 86 лица ќе ја добијат втората доза. Слушам дека се зголемени резервациите за туристи. Ние сме многу задоволни“, вели тој.

Како што е наведено, на соседниот остров Патмос, популарен меѓу славните и богатата космополитска елита, шансата да стане зона „без ковид“ за неколку недели наиде на воодушевување од жителите.

Поврзани вести

Просечен Американец должи 90.460 долари, но не се откажува од инвестирање и заштеда

Влатко Зорба

РАБОТА ОД СОНИШТАТА: Гледате „Нетфликс“, јадете бесплатна пица и заработувате пари

Влатко Зорба

Се продава дел од „Егејските Малдиви“

Влатко Зорба