СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Закерберг нè убедува да не бегаме од WhatsApp, а тој самиот користи конкурентна апликација

Во неодамнешниот случај на истекување на податоци од Facebook, едно од најголемите досега, меѓу 533 милиони корисници чии податоци беа објавени во јавноста беа и на првиот човек на најпопуларната социјална мрежа во светот, Марк Закерберг.

Меѓу личните податоци што ги објавија, хакерите го открија неговиот телефонски број, датум и место на раѓање, брачен статус, корисничка легитимација, но и дека Закерберг го користи секој ден – Signal, апликација за разговор што е директен конкурент на WhatsApp, најпопуларната комуникациска апликација на светот, која е во сопственост на Facebook.

Експертот за интернет безбедност, Дејв Вокер ја коментираше оваа неочекувана ситуација во својот пост на Твитер со зборовите: „Оваа ситуација нè насочи кон неочекуван пресврт. Марк Закерберг, исто така, ја почитува приватноста на сопствените податоци, користејќи апликација за разговор што користи криптирање „од крај до крај“ и не е во сопственост на Facebook“.

Покрај својот коментар, Вокер објави и снимка на која може да се види телефонскиот број на Закерберг со кој е регистриран на Signal.

Откритието дека првиот човек на компанијата не ја користи својата главна апликација за преписка е еден вид глазура на многубројните критики на новите правила за приватност на податоците, што WhatsApp ќе започне да ги применува во мај.

Многумина беа изненадени од оваа вест, особено ако се земе предвид дека самиот Закерберг беше многу упорен во последните месеци во неговите напори да го одбрани воведувањето на нови правила, што предизвика огромен револт кај корисниците ширум светот, незапаметен откако Facebook го купи WhatsApp во 2014 година.

Поврзани вести

113 брода поминаа низ Суецкиот канал по деблокадата

Влатко Зорба

Саудиска Арабија го изненади нафтениот пазар со големо еднострано намалување на производството

Влатко Зорба

На овие седум македонски компании добивката им се мери во милијарди

msp-admin