СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

WhatsApp конечно би можел да ги добие двете опции што ги чекаме

Facebook на WhatsApp конечно може да ви овозможи да користите ист профил на повеќе уреди и да ја префрлата историјата на разговори помеѓу Android и iPhone.

Корисниците на паметни телефони не одлучуваат често да ги менуваат мобилните платформи, односно да го заменат Android со iPhone и обратно. Оние кои користат iPhone / Android со години, и со децении, преземале и купиле многубројни апликации за тоа време, а префрлувањето на нова платформа значи пренесување на податоци, апликации, како и податоци од апликации на нова платформа, што не секогаш оди глатко. На пример, корисниците на WhatsApp не можат едноставно да ја префрлаат историјата на нивните разговори помеѓу Android и iPhone.

Иако, истакнуваат на страницата 9to5Google, постојат некои апликации кои ја олеснуваат оваа транзиција (што всушност ги крши правилата за користење на апликацијата), сè уште нема достапно едноставно и официјално решение во самата WhatsApp. Сепак, овој проблем може да се реши наскоро. Имено, како што открија на страницата WABetaInfo, тимот од Facebook во моментов работи на опција што ќе овозможи брз и лесен трансфер на историјата на разговорите на WhatsApp помеѓу Android и iOS.

Исто така, друга опција на која работи WhatsApp, која е посакувана од многу корисници со години, е можноста да се користи истиот профил на различни уреди. Така, корисниците кои поседуваат два или повеќе телефони би можеле да го користат истиот профил на WhatsApp на сите нив, што би им ја олеснило комуникацијата.

Како и секогаш кога станува збор за гласини, не е познато дали Facebook навистина ќе одлучи да ја спроведе оваа опција и, ако е така, кога тоа би можело да биде. Сепак, со оглед на тоа што конкурентите на WhatsApp како Telegram и Signal имаат можност да префрлаат разговори помеѓу различни уреди, треба да се очекува дека Facebook и WhatsApp навистина ќе се решат да ја спроведат барем таа опција.

Поврзани вести

LG Rollable ќе се продава за 2.110 евра на крајот на 2021 година

Влатко Зорба

Се снима серија за Тесла и Спејс Икс: Кој ќе го глуми Елон Маск?

Никола Поповски

Маск ќе воведе вселенски интернет на Марс

Никола Поповски