СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Apple нема да ги претстават iPhone 11S, iPhone 11S Pro и iPhone 11S Pro Max

Веќе ве информиравме за најинтересните карактеристики во iPhone 11, iPhone 11 Pro и iPhone Pro Max. Новите уреди на компанијата нудат импресивни подобрувања во хардверот и дизајнот. Apple се надеваат дека серијата ќе го подобри нивниот рекорд за продажби на пазарот на паметни телефони. Додека сме во очекување дали ќе се случи тоа, ние дознаваме интересни детали за идните планови на Apple. Компанијата продолжува да се потпира на истата стратегија во мобилната индустрија во последните години.

Ова се случи и со премиерата на iPhone 4, кој беше наследен од iPhone 4S. Освен еден исклучок, Apple ја продолжи оваа шема за избор на имиња со iPhone X и iPhone XS. Сосема е логично да се очекува следната генерација на паметни телефони на компанијата да биде iPhone 11S, iPhone 11S Pro и iPhone 11S Pro Max соодветно. Излезе дека плановите на компанијата овој пат се различни. Податоците се од популарниот аналитичар Минг-Чи Куо, кој тврди дека компанијата се откажала iPhone 11S.

Наместо тоа, верзијата за iPhone 2020 година ќе биде пуштена како iPhone 12, пренесува „Forbes“. Компанијата, исто така, планира да го промени дизајнот на својот следен предводник, во споредба со сегашната генерација. Ова е една од причините да се премине на iPhone 12, бидејќи iPhone 11S би се видел како индикација за надградба за годинашниот модел, а не за сосема поинаков уред. Допрва треба да ги разбереме деталите за iPhone 12, бидејќи се чини дека нема да ги видиме iPhone 11S, iPhone 11S Pro и iPhone 11S Pro Max.

Поврзани вести

Google инвестира 25 милиони евра во борбата против лажните вести

Влатко Зорба

Иднината на LG Rollable е нејасна

Влатко Зорба

Кои се премиум телефоните, а кои се тие од средниот сегмент со најдобри перформанси во текот на месец мај? (фото)

msp-admin