СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кина повторно е најголемиот светски пазар за малопродажба на Интернет

Вредноста на кинеската малопродажба на Интернет во 2020 година достигна 9,8 трилиони јуани или 1,51 трилион долари, што е за 14,8 проценти повеќе од истиот период минатата година и сочинува 24,9 проценти од вкупната малопродажба во земјата.

Обемот на деловна активност на курирските услуги достигна 83,36 милијарди парчиња, што е за 31,2 проценти повеќе отколку во 2019 година, пренесува „Меѓународното кинеско радио“.

Една од главните причини за растот на продажбата преку Интернет е зголемената популарност на продажбата на стоки преку Интернет во програма во живо, која минатата година надмина 20 милиони директни преноси.

Поврзани вести

Уште една светска валута добива дигитална форма

Влатко Зорба

„Форбс“: Кинеските електрични автомобили ќе станат глобално доминантни

msp-admin

„Дизелгејт“: Фолксваген ќе плаќа обештетување на сопствениците на дизел возила

msp-admin