СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги изврши усогласување на Одлуката од 18.01.2021 година со која се утврдени највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт со Законот за акцизи.

Одлуката за усогласување РКЕ ја донесе поради тоа што престанува да важи Уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба, со што практично од вечерва на полноќ во сила стапува Законот за акцизи.

„Поради истекување на важноста на Уредбата која што беше донесена за време на вонредната состојба, од вечерва на полноќ се враќа на сила Законот за акцизи кој се применуваше пред да се донесе Уредбата. Поради оваа состојба, РКЕ донесе измена на одлука со што износите на одделни елементи кои влегуваат во структурата при формирањето на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, се променети согласно важечките износи на акцизите, утврдени во Законот за акцизи. Овие цени ќе важат, се до донесување на нова одлука. Како што знаете, РКЕ секој понеделник носи одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт. Доколку во меѓувреме Собранието на РСМ ги изгласа измените на Законот за акциза во кои се вметнати одредбите од Уредбта, РКЕ ќе закаже седница и ќе изврши соодветно усогласување на одлуката.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 18.01.2021 година.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 13,00 денар/литар и ќе изнесува 41,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува на исто ниво.

Од 23.1.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

* Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 61,00 (денари/литар)
* Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 63,00 (денари/литар)
* Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 52,50 (денари/литар)
* Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 41,50 (денари/литар)
* Мазут М-1 НС 30,823 (денари/килограм)

Поврзани вести

Секторот за финансиски услуги е подготвен за финтек-трансформација

Влатко Зорба

За кои фирми и занаетчии важи мерката од 14.500 денари месечно за секој вработен?

Берта Китинска

ТУК ја поздрави одлуката за овозможување работа на угостителските објeкти

Влатко Зорба