СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

РАБОТА ОД СОНИШТАТА: Гледате „Нетфликс“, јадете бесплатна пица и заработувате пари

Американската компанија бара некој за рангирање на сериите „Нетфликс“ и пица од испорака.

Претходно оваа недела, компанијата „BonusFinder“ отвори конкурс за „професионален „binge watcher“.

Компанијата претходно објави конкурс за плаќање на луѓето да вкусат хамбургери, сладолед, слатки и пита од тиква.

„Сега бараме совршен кандидат за да не информира за најдобрата серија на „Нетфликс“ и најдобрата пица за испорака која ќе ни помогне на сите во овие бурни времиња“, стои во нивниот оглас.

Победникот ќе добие 500 долари, а тој ќе мора да погледне и да напише рецензии за три серии на „Нетфликс“, рангирајќи ги по пат и пиците од испораката. Кандидатот исто така ќе добие бесплатна сметка на „Нетфликс“ и буџет за пица и закуски.

Според деталите на конкурсот, победникот може да избере три серии, вклучувајќи ги Queen’s Gambit, Bridgerton, Night Stalker: The Hunt For a Serial Killer, Cobra Kai…

„Професионалниот binge watcher“ ќе треба, меѓу другото, да го рангира заплетот, глумата, но и задоволството од епизодите и крајот на серијата.

И пицата ќе се рангира врз основа на неколку критериуми, од изглед и вкус, до вредност за парите.

Пријавувањето трае до 12 февруари, а победникот ќе биде објавен на 17 февруари.

Поврзани вести

Барселона е највредниот клуб во светот

Влатко Зорба

5 работи за фриленсери кои носат заработка од најмалку 100.000 $ годишно

Влатко Зорба

УМСТВЕНИ ИГРИ со кои ќе бидете ПОДОБРИ ЛИДЕРИ

Влатко Зорба