СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Сè за Аспергеровиот синдром, форма на аутизам што ја има Елон Маск: Генијалци кои кријат емоции

Елон Маск, еден од најбогатите луѓе во светот, како гостин-водител на американското телевизиско шоу „Saturday Night Live“, рече дека има Аспергеров синдром (АС).

Во воведното обраќање пред гледачите, тој рече дека тој е првиот човек со АС што го водел ова шоу, но се покажа дека тоа не е точна информација.

Имено, канадскиот актер Дан Ајкојд во 2003 година беше првиот гостин-домаќин кој отворено зборуваше за овој синдром пред милионска публика.

Остатокот од обраќањето на Маск го искористи да се пошегува на неговиот статус, како и на неговата фасцинација со крипто-валутата „Dogecoin“.

Бизнис магазинот „Форбс“ го процени богатството на Маск на 166 милијарди долари. Најголем дел од своето богатство го оствари преку ко-сопственост на „Тесла“ и целосна сопственост на „Спејс Икс“.

Што е Аспергеров синдром?

Аспергеровиот синдром е состојба од аутистичниот спектар што е поврзана со социјални тешкотии, а најчесто се забележува во третата година од животот. Тоа е развојно нарушување обележано со неможност да се разбере како да се однесуваме во општеството.

Експертите наведуваат дека други карактеристики се несмасност и некоординирани движења, како и нарушување на социјалниот контакт со екстремен егоцентризам, ограничени интереси и / или невообичаени интереси, повторливи рутини и ритуали, подготовка на говор и јазик и проблеми со невербална комуникација.

Луѓето кои го имаат овој синдром покажуваат многу малку изрази на лицето – освен лутина и тага.

Многу деца кои имаат АС имаат извонредна меморија и се талентирани за уметност. Тие можат да зборуваат долго за некоја омилена работа или да повторуваат збор или фраза безброј пати. Децата кои го имаат овој синдром имаат тенденција да останат во „сопствениот свет“ и се преокупирани со себе и со својот распоред. Нивните сетила се поинтензивни, посилно ги чувствуваат површините, температурата и вкусот, а мислите им се повеќе насочени.

Експертите сугерираат дека луѓето со овој синдром се вработуваат, бидејќи тие можат да постигнат голем успех во технологијата и другите работни места за кои се потребни аналитички вештини.

Причината за појавувањето на болеста е непозната.

Поврзани вести

Помала плата или поголем стрес: Што би избрале?

Влатко Зорба

Како да заработите пари од социјалните мрежи, без да ГУБИТЕ ВРЕМЕ?

Влатко Зорба

ПОКРАЈ БОЛКИ ВО ГРБОТ, МОЗОКОТ ПОБАВНО РАБОТИ: Што се случува со вашето тело ако седите премногу?

Влатко Зорба