СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Треба ли да се отфрли „to do“ списокот?

Кога размислувате што се треба да завршите, генерално сметате дека е најдобро да направите список или таканаречен „to do“ список. Според „Фаст компани“, ​​Леонардо да Винчи и Бенџамин Френклин исто така правеле свои списоци со обврски, па веројатно се добар начин за организирање.

Но, од порталот тврдат дека списокот треба да се отфрлува од време на време.

Еве зошто:

Списокот „да се направи“ ја ограничува креативноста

Истражување од Школата за бизнис од Висконсин тврди дека кога извршувате задачи од „ригидна“ листа, тоа ве спречува да им пристапувате на задачите од покреативна страна.

Наместо тоа: Следниот пат кога ќе добиете задача, наместо да го запишувате секој чекор, дајте си време да размислите и да влезете порелаксирано во проектот. Ова ќе му обезбеди на вашиот мозок зона каде што ќе може да размислува „надвор од рамките“.

Списокот често не претставува важни обврски

Колку и да сакате да прецртате завршена задача, мора да бидете свесни колку таа навистина беше важна. Бидејќи честопати правејќи помалку важни работи, вие „одите по линијата на најмал отпор“.

Наместо тоа: Направете неделен список што вклучува мешавина од итни, но не нужно важни обврски и важни, но не и итни обврски. Ова ќе ви овозможи да се справите со секојдневните одговорности, додека оставате време да направите работи што можат да имаат траен ефект.

Списокот може да ви предизвика стрес

Веројатно правите долги списоци. Тие можат да ве доведат до свесно одложување на обврските. Можеби ќе се чувствувате олеснети кога прецртувате една работа, но фактот дека секогаш останува нешто на списокот, може да создаде дополнителен стрес за вас.

Наместо тоа: Ставете ги сите ваши обврски за следниот период на едно големо парче хартија, а потоа оставете го тој список настрана. Прегледувајте го од време на време и внимателно одлучете што можете да направите следната недела.

Можеби списокот не ви одговара временски

Ако работното време ви е осум часа, честопати се случува списокот со обврски да вклучува задачи за повеќе од 20 часа работа. Ова е јасно ако само „ставате обврски на хартија“.

Наместо тоа: Обидете се да ги запишете своите задачи во календар, за да можете да разберете што и кога можете да направите.

Нема сомнение дека списоците „to do“ се корисна алатка. Но, проверете дали е нешто што ви помага или, обратно, предизвикува стрес.

Следниот пат кога ќе се чувствувате нервозни, длабоко вдишете и ставете го списокот „да се направи“ на страна, барем за некое време.

Поврзани вести

Дали непотребните канцеларии можат да се претворат во домови?

Влатко Зорба

Какво богатство ви треба, за да влезете во клубот на супербогатите? (инфографик)

Влатко Зорба

Маск објави песна, ја продава за 1,12 милиони долари

Влатко Зорба