СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Жените ќе се изедначат со мажите за 136 години

Новиот извештај од Светскиот економски форум (СЕФ) проценува дека постигнувањето глобален родов паритет ќе трае скоро 136 години, во споредба со претходната проценка од околу 100 години.

СЕФ го мери овој паритет на четири начини: економско учество и можности, образование, здравство и политичко зајакнување. Податоците испитани од организацијата покажаа дека разликата во политичкото зајакнување е значително зголемен од извештајот за 2020 година, додека економското учество само малку се подобри.

– Се надеваме дека овој извештај ќе послужи како повик за акција за лидерите да го постават родовиот паритет како централна цел на нашите политики и практики, да управуваат со закрепнувањето по пандемијата и во полза на економијата и нашето општество – рече Садија Захиди во име на Светскиот економски форум.

Групата проценила дека економскиот јаз меѓу половите ќе трае уште 268 години за да се „затвори“. Овие податоци сè уште не го одразуваат влијанието на пандемијата, што може да ги влоши работите. Напредокот кон родовиот паритет дури запре во неколку големи економии и индустрии.

Ова е делумно затоа што жените се почесто вработени во секторите најпогодени од карантин, се вели, во комбинација со дополнителни притисоци за да се обезбеди нега и грижа дома. Иако учеството на жени меѓу квалификувани професионалци расте, разликите во приходите и оскудниот број жени на раководни позиции и понатаму се проблеми, објави СЕФ.

Жените останаа без работа за време на пандемијата со повисоки стапки од мажите и се вработуваат побавно од посилниот пол. Кога училиштата и другите институции се затворија, жените непропорционално се грижеа за децата, како и за домашните работи и старите лица. Ова го зголемило стресот и наштетило на нивната продуктивност, пренесе „CNN“.

Вкупната разлика меѓу половите е најмала во нордиските земји, а предничат Исланд, Норвешка, Шведска и Финска. Соединетите држави се на 30-то место според родовиот паритет. Минатиот септември Обединетите нации проценија дека последиците од пандемијата можат да „турнат“ во сиромаштија уште 47 милиони жени.

Поврзани вести

Како „Монопол“ стана лекција за претприемачите?

Влатко Зорба

Никој не обрнува внимание еден детал при испраќање на CV, а во 80% од случаите тоа влијае на работодавачот

Влатко Зорба

Хотелски работник отпуштен затоа што флертувал со лице во изолација

Влатко Зорба