СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Адемовски го купува турски „Рамстор“

Претседателот на Македонско-Турска стопанска комора во Македонија (МАТТО), Ајдоган Адемовски кој е и сопственик на Трговскиот центар „Капитол мол“ и „Хотел Хилтон“ во Скопје, планира да купи 100% од акциите на „Рамстор Македонија“, соопштија МАТТО.

Преговорите во врска со потпишувањето на договорот за пренос на уделот се во тек.

„Претходно е одлучено да се одложи јавно објавување на дискусиите што треба да се одржат по ова прашање со цел да не се нарушат легитимните интереси на нашата компанија и да се избегнат заблуда на инвеститорите“, се вели во соопштението.

Рамстор е дел од Мигрос Тиџарет А.Ш, еден од најголемите ланци на маркети во областа на малопродажбата во Турција.

Рамстор има вкупно 21 маркет и еден Трговски центар во центарот на Скопје со повеќе од 90 избрани продавници и брендови и сместен на простор во 25.000 м2.

Поврзани вести

Со мерката ваучер систем се зголемува интересот за спонзорирање на компаниите во спортот

Влатко Зорба

Народна банка ја намали основната каматна стапка на 2 отсто

Никола Поповски

Стопанска комора: Клучен проблем е раздолжувањето на државата кон компаниите

Никола Поповски