СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Акцизата на нафтата се зголемува за три денари

За три денари се зголемува цената на акцизата за нафтените деривати во Република Северна Македонија. Оваа уредба со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба денеска ја донесе Владата како мерка за справување со кризата предизвикана од корона вирусот Ковид-19.

Како што појасни денеска на прес-конференција портпаролот на Владата, Муамет Хоџа, со оваа уредба, меѓу другото се пропишува износот на акцизата за безеловениот бензин, дизел горивото и горивото за греење.

– Уредбата е донесена за да се ублажат економските последици од зголемените трошоци за справување со корона вирусот и обезбедување средства за редовно сервисирање на буџетските потреби. Зголемувањето на износот на акцизата нема да предизвика дополнителни финансиски импликации за правните субјекти и населението со оглед на фактот дека зналителниот пад на цената на нафтата на светтските берзи предизвикува значлително намалување и на малопродфажните цени на горивата во нашата држава, кистакна Хоџа.

Предложениот механизам, појасни тој, овозможува постепено враќање на постојните износи на акцизи во услови на нормализирање на цените на пазарот, што, како што рече, се очекува тогаш кога ќе заврши состојбата предизвикана од коронавирусот.

Поврзани вести

Ангеловска: Минатата година фирмите добиле поврат на ДДВ од 402 милиони евра или за 7,5 отсто повеќе во однос на 2018 година

Што работодавците „гуглаат“ за вас пред да ве вработат

Stefanija Kuzmanovska

Голомеиќ: Интересот за прослави во 2021 е голем, очекуваме на пролет предлог протоколи

Влатко Зорба