СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Албански бизнисмени инвестирале 1,3 милијарди евра во С.Македонија

Поволната бизнис клима која владее во Северна Македонија наспроти „задушувачката клима“ во Албанија се услови албанските бизнисмени своите инвестиции да ги насочат кај нашиот источен сосед.

Ова е ставот на албанската опозиција, што го изнесе поранешната пратеничка и задолжена за економски прашања во Демократската парија, Јорида Табаку, според која албанските бизнисмени надвор од земјата инвестирале 1,3 милијарди евра, речиси сите во Северна Македонија.

– Албанските бизниси имаат инвестирано 1,3 милијарди евра надвор од Албанија, речиси сите отидоа кај нашиот сосед Северна Македонија. Не само што не привлекуваме странски инвестиции, туку не ги убедуваме локалните бизниси да инвестираат во Албанија. Илјадници нови работни места во РСМ од албански деловни инвестиции, додека редовите на невработените во Албанија секојдневно се зголемуваат. Зошто се случува ова? Затоа што премиерот во заминување (Еди Рама) создаде најнеповолна клима за вработување, инвестиции и претприемништво, напиша Табаку на нејзиниот Фејсбук профил .

Посочува дека наместо да и помогне на економијата, Владата на Рама со корумпирани договори злоупотребила и украдела дури 13 отсто од БДП, приближно колку и изгубените инвестиции во Албанија.

– Овие милијарди евра и илјадници работни места изгубени за Албанците, Северна Македонија ги зеде како резултат на про-бизнис фискалната и економска политика, напиша Табаку.

Табабу напиша и дека само за 2019 година изгубената вредност била дури 10 отсто од БДП и нагласува дека на вработувањето му се потребни бизниси и инвестиции.

Поврзани вести

Од денеска нема повеќе онлајн „коцкање“

Берта Китинска

Ангеловска: Дефицитот не е опасен ако стимулира економски раст

msp-admin

Ова се трите групи работници кои најчесто добиваат отказ

Берта Китинска