СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

АЛКАЛОИД регистрираше ново друштво во Велика Британија

АЛКАЛОИД АД Скопје регистрираше ново друштво во Велика Британија, со назив ALKALOID UK LIMITED. Друштвото е во 100% сопственост на АЛКАЛОИД АД Скопје, соопшти компанијата.

Земајќи го предвид излезот на Велика Британија од Европската Унија, менаџментот на АЛКАЛОИД АД Скопје донесе одлука за отворање ново друштво, со цел зајакнување на постојните позиции на пазарот.

АЛКАЛОИД АД Скопје е присутен во Велика Британија преку продажба на фармацевтски производи со реализирани продажби во износ од 313 милиони денари во 2020 година.

Со ова АЛКАЛОИД АД Скопје продолжува во насока на остварување на својата главна стратешка определба, односно развивање како извозно ориентирана компанија со стабилна пазарна позиција, велат од компанијата.

Поврзани вести

Во мај само 838 туристи, 99,2 отсто помалку од лани

Прогресивното оданочување се „замрзнува“ во следните три години

Влатко Зорба

Банките можат да овозможат втор период на одложена отплата на кредитите

Александар Петровски