СТАНДАРД life
АНАЛИЗИ

Сите чекаат на Бафет, но каде е Ворен?

Знаеме дека тој се подготвува да дејствува. „Berkshire Hathaway“ држи 128 милијарди американски долари слободни парични средства на крајот на 2019 година. Повеќето од нив се инвестирани во државни хартии од вредност и обврзници, пренесува „Investorplace“.

Невработеноста во САД се очекува да се искачи на најмалку 10%, при што аналитичарите на пазарот предвидуваат дури и раст до 20, дури 30%, што е дефинитивно совршена можност на Бафет.

Засега, сè уште нема новости од Бафет.

Во првиот квартал на 2020 година, купи големи пакети акции во Kroger и Biogen, кои се претставуваат доста добро за време на тековната криза. Како и да е, Berkshire инвестираше милиони во акции на компании како што се RH, General Motors, Occidental Petroleum, чии акции последниве денови доживеаја голем пад.

Сепак, Бафет исто така губи многу пари од неговите големи инвестиции, вклучувајќи ги Apple,  American Airlines,  Bank of America, Wells Fargo, American Express и др.

Во последните квартали, компанијата на Бафет исто така успеа да купи многу акции од Amazon, една од ретките победници во последните неколку недели.

Друг дел од инвестициите на Бафет е погоден од кризата – акции од авиокомпании, казина и хотели. Но, наместо да паничи, инвеститорот веројатно ќе се одмори и ќе пие повеќе Кока Кола, чии акции се намалени за 20% оваа година.

Тој дури и му помогна на Goldman Sachs да ги набави потребните количини маски за да бидат доставени во болница во Њујорк.

Но, зошто Ворен Бафет чека?

Една од причините за кои се верува дека Бафет сè уште не направил набавки е тоа што „Berkshire Hathaway“ е првенствено осигурителен бизнис. Berkshire е сопственик на GEICO, една од најголемите компании за осигурување и реосигурување во светот.

Акциите на Berkshire ја губат вредноста од почетокот на 2020 година. Инвеститорите очекуваат да видат каде Бафет ќе ги вложи своите пари овој пат.

Тековните слободни парични средства се доволни за да се купат дури и компании како Tesla, Starbucks или McDonald’s. Но, тој само прави бизнис на овој начин – Бафет чека паниката да се искачи на максимални вредности и да започне да купува премиум средства по цена за која се смета дека е подарок.

Во годините по глобалната економска криза, Бафет постапи на ист начин и купи 10% од Bank of America со сериозен попуст на цените.

Можеби тоа е она што Бафет го чека овој пат.

Сепак, треба да се има предвид дека Ворен Бафет ќе наполни 90 години овој август. Неговиот партнер Чарли Мунџер е уште постар.

Значи – јасно е дека Бафет ќе нè спаси и овој пат. Прашањето е кој ќе нè спаси во следната криза?

Поврзани вести

Одлуката на Твитер да забрани политичко рекламирање ги подели политичките табори

msp-admin

Зошто повторно почнавме да чуваме пари под душек?

Влатко Зорба

Грчката економија – феникс, но со едно крило

msp-admin