СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Парите од скенираните сметки да бидат дадени во солидарен фонд, предлагаат граѓаните

Не се разговара за целосно укинување или стопирање на проектот Мој ДДВ, сите граѓани што скенирале сметки ќе си ги добијат назад средствата, порача денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

-Пристигнаа доста предлози од граѓани што велеа дека треба да покажеме и ние солидарност и да се откажеме од овој дел, меѓутоа мотото на проектот е „Пари назад кај граѓаните“ што значи дека тоа се пари на граѓаните што скенирале сметки и сега треба да ги добијат назад. Доколку пристигнат повеќе предлози и доколу граѓаните сметаат дека треба овие средства да се насочат во други мерки или во солидарниот фонд, кој ќе биде отворен, секако за тоа можеме да разговараме, рече Ангеловска во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Најави дека се што пристигнува како предлог, забелешка, критика и сугестија ќе биде разгледано од економскиот тим во Владата и ќе се преземаат соодветни мерки кои, како што рече, се најдобри за земјата и за сите граѓани.

-Имаше одредени предлози, што сметам дека се уште посоодветни за да може секој граѓанин да ја прикаже својата солидарност, во кои се бара самата апликација да му даде можност на граѓанинот доколку сака овие средства да ги донира во солидарен фонд. Ќе ја разгледаме и таа опција, посочи Ангеловска.

Поврзани вести

Нема финансиска пречка за одржувањена локалните избори, вели Бесими

Влатко Зорба

Бројот на вработени во јавниот сектор намален за 1.717 лица

Влатко Зорба

ФИТР ќе ги презентира проектите избрани на јавниот повик „Стартапувај 2“

Александар Петровски