СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

 Азески со два предлога за посилна македонска економија во постковид-19 периодот

Кога лекарот не може да постави дијагноза констатира дека проблемот е од стрес. А има ли таков денес, што не живее под стрес. Истото се случува, кога не можеме да најдеме одговор на нашите проблеми, ние констатираме дека проблем е менталитетот. И така во недоглед. Денес ќе дадам два примера како може да се промени менталитетот ако тоа се сака, вели Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.

Тој има два примера како може да се промени менталитетот ако тоа навистина се сака.

Прво , денеска во фабриката „Брако“ во Велес, наша реномирана членка, ќе биде промовиран материјалот „Македонската економија во тековниот период и во постковид 19 периодот“ .Тоа значи дека и покрај тековните тешки кризи, се мисли и на иднината. Илјадници компетентни луѓе од бизнисот и економијата создадоа документ, кој за првпат покрај реаланите оценки за моменталната состојба, предлагаат решенија и за период кој реално треба да се случи во вториот и третиот квартал наредната година. За тоа оценка ќе дадете сите Вие. Нели е тоа подруг менталитет од оној, досегашниот, кој зборуваше само за тековните состојби.

Второ , она што моментално се случува на политички план, а има одраз и врз економијата, тоа е нашиот пат кон Европската Унија. Со оглед на актуелните случувања, има ли тој пат своја алтернатива. Многумина, таа алтернатива ја бараат на погрешно место. Ние јасно истакнуваме дека алтернативата е да продолжиме по тој пат без разлика на политичките блокади кои трајат веќе 30 години. Тоа значи прифаќање на стандардите на Европската Унија одма, веднаш и сега, затоа што тие не се таргети само за приклучување во Европската Унија, туку за самите нас. Поедноставно кажано, одма концепирање на Акционен план и безусловно застанување зад него на сите чинители во државата од позиција до опзиција, од наука до уметност, од локална самоуправа до невладин сектор, од медиуми до институции и поединци. Тоа е пораката од бизнис секторот, кој ќе се стави рамо до рамо со сите нив, и со тоа ќе го промени менталитетот заснован на чекање, молење и констатирање дека нема правда и дека сè е свртено против нас. Во народов, тоа е познато како Калимеро менталитет.

ПС. Еве овие два примера се патоказ како можеме да го промениме менталитетот и да излеземе од волшебниот круг кој не води никаде. Ние, како најголема и најбројна бизнис заедница, користејќи ги искуствата на балканските комори, чии земји се веќе членки на Европската Унија, Грција, Бугарија, Хрватска, Словенија и Романија, работиме на тој план и следната моја порака ќе биде со конкретни примери и докажување на предходно реченото, вели  Азески.

Поврзани вести

Шахпаска: Продолжуваме посветено да работиме на новиот Закон за работни односи

Берта Китинска

НУК: За чиј интерес е формиран Комитетот за туризам?

Бектеши: Ќе предложам нова одлука за посебни услови за трговија на одредени стоки