СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Ги повикувам граѓаните разумно да купуват, а маркетите да направат планови

Им порачуваат на граѓаните да не паничат, да бидат релаксирани и да водат сметка единствено за своето здравје. Маркетите и дистрибутерите на храна имаат залихи за 30-45 дена, како во редовни услови, ова беше истакнато на денешниот состанок на трговците по работниот состанок со министерот за економија Крешник Бектеши.

– Ги повикувам граѓаните разумно да купуват, а маркетите да направат планови за да им излезат во претрес на потрошувачите, истакна Бектеши.

Ставот дека нема простор за паника го делат и дистрибутерите на храна. Тие единствено бараат постојан контакт на нашата држава со соседните земји, за да нема застои на граничните премини.

Владата на синоќешната седница донесе Одлука за замрзнување на цените на основните продукти: леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезинфекциски средства со состојба на денот на прогласување на пандемијата од Светската здравствена организација (СЗО), освен за оние за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури. Оваа Одлука, како што соопшти, влегува со сила наредниот ден од денот на објавување во „Службен весник“, а е усвоена за да не се злоупотреби моментната состојба на пазарот, како и за да се заштитат потрошувачите во услови на зголемена побарувачка поради ситуацијата со коронавирусот.

Поврзани вести

Претседателката на ССК нов почесен конзул на Унгарија

Влатко Зорба

Ангеловска: Преку проектот „Купи куќа, купи стан“ граѓаните може да добијат и до 20.830 евра субвенција

Владата ги предложи Треновски, Поповски и Петрески за неизвршни членови на Советот на Народната банка

Влатко Зорба