СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Потпишани договори за изградба на фотоволтаици на приватно земјиште

Министерот за економија, Крешник Бектеши, на денешната прес-конференција најави дека се склучени договори со сите приватни инвеститори во врска со изградба на фотоволтаични центри на приватно земјиште.

-Инвеститорите имаат три години да ги завршат работите околку изградбата на фотонапонските централи по што ќе потпишат договори за користење премиуми во траење од 15 години. На тендерот објавен лани во август беа доставени 44 понуди и по комплетно  спроведената евалуација и роковите за жалби се утврди дека од понудените 27 мегавати потпишани се договори за право на користење на премија за вкупно 21 мегават на 29 локации низ целата држава со вкупно 23 инвеститори во 16 општини, рече Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

Поврзани вести

Овозможена работата на фабриките и за време на полицискиот час во сабота и недела, работниците со посебни дозволи

Речиси 500 милиони денари ќе легнат на сметките на граѓаните по основ на поврат на ДДВ

Влатко Зорба

Во Европа постепено почнува производството на автомобили