СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бензините поевтинуваат за 2, а дизелот за 1,5 денар

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за два денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Од вечерва на полноќ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за два денари за литар и ќе изнесуваат 62 денари односно 64 денари за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,5 денар за литар и ќе изнесуваат 54,5 односно 43,5 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,495 денари на 28,895 денари за килограм.

Поврзани вести

Бочаврски: По Коридород 10 ќе биде поставен систем за известување за состојбата на патот

Берта Китинска

Македонската глобална недела на претприемништво со успешни приказни на стартап екосистемот

Берта Китинска

Моника Белучи гостин на 99-годишнината од Стопанската комора

Влатко Зорба