СТАНДАРД life
АНАЛИЗИЕКОНОМИЈА

Дали коронавирусот е „црн лебед“?

На берзите со „црниот лебед“ се означуваат непредвидливи настани со големи последици. Економистите во моментов расправаат за далекусежните последици за економијата поради коронавирусот, пишува „Дојче веле“.

Кога кон крајот на јануари го прашаа Жил Гибо дали коронавирусот би можел да стане „црн лебед“, тој одговорил: „Да, можеби за фирмите кои многу соработуваат со Кина“. Неговото мислење има тежина. Гибо е одговорен за акциската стратегијата на компанијата Axa Investment Managers во Европа, која управува со инвестиции во вредност од околу 800 милијарди евра. Во меѓувреме, нервозата на финансиските пазари ширум светот значително се зголеми.

Колку долго коронавирусот ќе ја парализира економијата?

Сè почесто се зборува за „црниот лебед“ кога станува збор за економските последици од коронавирусот, што значи целосно неочекуван настан што е исклучително редок, но има катастрофални последици за финансиските пазари и реалната економија.

И сè почесто се слушаат споредби со глобалната финансиска криза од 2008 година, кога пропаѓањето на една од водечките американски банки со 150-годишна традиција беше целосно неочекувано, бидејќи последиците од банкротот на Lehman Brothers и тоа како беа прилично далекусежни.

Тогаш катастрофата дојде од финансиските пазари и ја зафати реалната економија. Денес е обратно. Затворање на бизнисите, откажување на саемите, укинувањето на линиите во авиосообраќајот, изолацијата на милионски градови, доведуваат до пад на реалната економија. А кога поради тоа компаниите остваруваат помалку профит, тогаш тоа се одразува на падот на вредноста на акциите, а со тоа и на финансиските пазари.

Од избивањето на епидемијата на коронавирусот во Кина и обемните мерки за изолација во таа земја, кинеската економија престана да биде двигател на глобалната економија.

Поврзани вести

Пропаднатата европска економија ќе се разбуди загрижена за растот на цените

Влатко Зорба

Инфлацијата во македонската економија останува умерена, вели Ангеловска-Бежоска

Влатко Зорба

Економско-социјалниот совет: Социјалниот дијалог помеѓу сите чинители е од особено значење и во интерес на граѓаните

Александар Петровски