Фискалната транспарентност на општините е значително подобрена во споредба со минатите години. Општините од источниот регион и оваа година се најтранспарентни споредено со останатите општини во земјава.Анализата на Центарот за економски анализи покажува дека оваа година добар пример се Велес и Берово со максимален број поени на индексот на буџетска транспарентност.Со тоа овие две општини ги турнаа од тронот општините Прилеп и Град Скопје кои годинава се најдоа на четврто односно петто место на листата. Најголем пад во транспарентноста има општина Чучер Сандево која падна за дури девет позиции а подобрување е регистрирано кај општините Ново Село и Теарце.
Општините, особено руралните, се уште се соочуваат со ниска свест од потребата за поголема транспарентност на трошењето на јавните пари што допринесува до неефикасна алокација на средствата што пак е во интерес на граѓаните и нивните потреби, вели за Стандард, Ана Марија Петреска економски истражувач во ЦЕА.
Најдостапни документи на веб страниците на општините и натаму се Статутот, Усвоениот буџет и завршната сметка.Но кога станува збор за постапување по Барање за информација од јавен карактер, ЦЕА открива дека општините се слабо респонзивни.Од 81 ЕЛС, 60 доставиле одговор а 15 од нив го пробиле рокот од 20 дена за достава на одговор.Се уште има општини (Гази Баба и Демир Капија, потоа Долнени, Лозово, Конче и Зелениково) кај кои одговорните лица за посредување со барања за пристап до информации не се јавно објавени.
Свесноста на општините за нивната респонзивност е сведена на префрлање на должноста за постапување од едно кон друго лице, што се должи на низок менаџмент и комуникација во самите општини, што сето тоа доведува кон перцепција на неотворена и неодговорна општина, Центар за економски анализи.
Покрај транспарентноста, важен аспект во едно здраво демократско општество е и вклучувањето на граѓаните во креирање на локалните политики.Истражувањето на ЦЕА покажува дека општините се повеќе го слушаат гласот на граѓаните. 51 % од општините минатата година организирале разни форуми за дефинирање на приоритетите во буџетите за разлика од 35 % во претходната година. Меѓутоа, општините немаат пракса за организирање на јавни расправи по основ на завршните сметки.
Мал број на општини организираат јавни расправи по основ на Завршна сметка и сметаат дека седницата на која се изгласува Завршната сметка е форма на која граѓаните може да присуствуваат но не и да искажуваат ставови и мислења. Во 2020 година, само 7 општини (Битола, Гевгелија, Гостивар, Градско, Кавадарци, Вевчани и Охрид) организирале јавна расправа за завршната сметка и само кај една општина (Охрид) имало присуство на граѓани, вели Петревска.
Од друга страна, 47% од општините издале отчет кон своите граѓани за сработеното во минатиот период за разлика од 38 % лани.Како добри примери за давање отчет кон граѓаните се сметаат општините чијшто отчет содржи детални информации за висината на трошокот и изворот на финансиски средства меѓу кои се Аеродром, Берово, Ѓорче Петров, Град Скопје и др. Оттука, објаснува Ана Марија Петровска, неопходна е потребата од Воспоставување на механизми и процедури за редовно организирање на јавни дебати и форуми, консултации и континуирано надоградување на капацитетите на вработените во општините, одржување на функционални веб страни и организирање на јавни расправи и воспоставување на механизми за поттикнување на граѓанското учество во носењето на локални политики.
К.В.С.