СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Се засилуваат активности за проекти за енергетска ефикасност

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес оствари средба со амбасадорот на Република Франција, Н.Е. Сирил Бомгартнер, заменикот амбасадор на Сојузна Република Германија, Ото Граф, делегација на Француската агенција за развој (AFD) и директорот на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), Давид Оберхубер, на која се разговараше за унапредување на соработката помеѓу Владата на Република Северна Македонија и развојните агенции на двете земји во насока на реализација на проекти за енергетска ефикасност .

Вицепремиерот Битиќи, зборувајќи на состанокот, посочи дека Владата на Република Северна Македонија е посветена на реализација на приоритетните цели за одржлив развој и Агендата 2030 на Обединетите нации, со кои ќе се овозможат подобри услови за живот на граѓаните, а во исто време ќе се спроведуваат реформите за членство на земјата во ЕУ.

Битиќи истакна дека како земја членка основач на Европската Енергетска заедница, Република Северна Македонија во изминатитот период направи голем исчекор во носење на многу значајни документи, стратегии и политики, во кои се транспонирани директивите од енергетскиот сектор. Сите овие активности, поврзани со реформите во енергетиката и енергетската ефикасност, условија носење на нов Закон за енергетика и Закон за енергетска ефикасност, како и Стратегија за енергетика до 2040, а во процес на усвојување е и Националниот план за енергетика и клима, кои ја даваат основата за поголемо производство на електрична енергија од обновливи извори, но и политики за заштеда на енергија преку воведување на технологии и техники за енергетска ефикасност. Дополнително, потенцираше дека Северна Македонија е една од првите земји во регионот која се заложи за повисоки амбиции во поглед на редукција на емиисиите на стакленички гасови, кое е поврзано со битката со климатските промени. Битиќи потенцираше дека се започнати мноштво на проекти, особено во енергетиката, како воспоставување на Национален фонд за енергетска ефикасност, Проектот за праведна транзиција преку кој ќе се овозможи грижа за социјалните категории на граѓани.

Токму енергетската ефикасност е препознаена како поле во кое би можело да се интензивира соработката помеѓу Северна Македонија со Франција и со Германија, кои преку нивните развојни агенции би овозможиле техничка и стручна помош за правење на соодветни анализи, студии, проектни документации, а потоа во заедничка соработка и со Зелениот климатски фонд и други меѓународни финансиски организации да се реализираат значајни проекти за граѓаните.

Ова е втора посета на делегација на Француската развојна агенција во само еден месец, со која се покажува силната посветеност за унапредување на соработката помеѓу двете земји и поголема присутност на ФАР во Земјите од Западен Балкан. За време на еднонделната посета, пред повеќе државни институции и пред приватниот сектор беше презентирана Програмата PEEB COOL насочена кон енергетската ефикасност на јавни и приватни згради. Соработката помеѓу Северна Македонија, Франција и Германија, со поддршка од Зелениот климатски фонд, во наредните години се очекува значително да придонесе за остварувањето на целите кои се дефинирани во планските и стратешки документи на државата, како и Националниот план за енергетска ефикасност. Имплементацијата на мерките дефинирани во овие документи, ќе придонесе за подигнување на општествената свест од придобивките за воведвање на нови техники и технологиии за енергетка ефикасност, кои ќе обезбедат подобри услови за живот на граѓаните и подобар животен стандард.

Поврзани вести

Владата го усвои полугодишниот Извештај за извршување на Буџетот

Славески: Србија само со исплатата на 100 евра на секој полнолетен граѓанин ја надминала помошта доделена во Македонија

Наредната недела треба да се формализира барањето на ГЕС за лиценца за топлинска енергија

msp-admin